Раде Силјан (Жван, Демирхисарско, 16 април 1950) е македонски поет, есеист, критичар и преведувач. Работел како новинар и бил главен уредник на Третата програма на Македонското радио и генерален директор на „Македонска книга“. Исто така, тој е основач и директор на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.
Автор е на 24 стихозбирки поезија од кои денес ја издвојуваме песната „Раката Господова“ од неговата стихозбирка Кругови издадена во Скопје, 2009 година.
Целата збирка песни како и самата песна се одликуваат со збиен и амалгамски говор која делува едноставно но изобилува со длабока мисла која е затемнета и е тешко опиплива и разбирлива. Круговите за кои пишува Раде Силјан се кругови на еден зрел поет кој го достигнал својот поетски врв и кој знае дека раката господова ја има испишана несреќната судбина на овој народ кој скриен зад својот страв се дави во сопствените солзи.
Раката Господова
Ја испишува историјата
Скриена во одајата
На нашите рожби
Раката Господова
Длабоко копа
Во широката почва
На ветената земја
Раката Господова
Божји дар
За децата игралити
Во солзи што се дават
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.