Доволно испиен витамин Ц
Но никој не се целува
Сега е време на пелцување
Со волшепство кое би го испиле и боговите
И еве тука сме во медената земја
Тука тече таа медовна амброзија
Која сите би сакале да ја добијат
И да се напијат како младата Психа
За да можат да живеат онаму каде никој не знае за болка
И задоволството преминува во дух
И сите чекаат час
За пелцување
И никој не помислува на Геја
Од која се појавија денот и ноќта
Зошто сите сме исти
И денот се претворил во ноќ
Зошто сите сме исти
И не слушаме ни џагор ни смеа ни тага ни плач
Зошто сите сме исти
И сите знаеме да чекаме
И чекањето наликува на човекот
Зошто човекот отсекогаш чекал
Дури и кога ја немало смеата
Дури и кога тагата избегала
И ќе дојде ново доаѓање
На вистината
Дека животот е само круг
Во кој постојано чекаме
А забораваме да живееме.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.