Есад Бајрам бил роден во Охрид на 29 мај 1934 година. Завршил Виша педагошка школа во Скопје. Бил општествено-политички работник. Член на ДПМ од 1987 година.
Неговите предци од Турција дошле во Македонија. Есад Бајрам се гордеел што тие не биле освојувачи туку камилари. Всушност тие носеле храна за војската. Неговиот прадедо се населил во Пештани а татко му и тој се родени Намазија, во Охрид. Мајка му живеела на Имарет. Бајрам бил најмалиот во семејството од уште двајца браќа и една сестра.
Првите стихови ги напишал во почетокот на шеесеттите години од минатиот век, а биле објавени во Млад борец и Бирлик. Од поранешниот турски претседател Сулејман Демирел добил награда за придонес во афирмацијата на турската литература во светот.
По повод Светскиот ден на преведувачот, 30 септември, во 2012 година Друштвото на писателите на Македонија му ја врачило повелбата “30 Септември“ што се доделува на истакнат македонски книжевен преведувач за долгогодишна успешна преведувачка активност.
Во 2016 година, на една од литературните средби организирани од страна на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје било одржано претставување на личноста и делата на Есад Бајрам од страна на турскиот писател од Македонија Илхами Емин.
Тој починал во 83-та година од неговиот живот на 10-ти Ноември 2017-та година.
Ова се неговите дела:
„Плетенки“ (поезија, 1978)
„Буквар в срце“ (поезија, 1979)
„Дневни прошетки“ (поезија, 1981)
„Баждарина“ (поезија, 1982)
„Дете во години“ (поезија, 1982)
„Вечерни прошетки“ (поезија, 1986)
„Аливели“ (раскази, 1990)
„Палата на душата“ (поезија, 1989)
„Ѕвездени бакнежи“ (поезија за деца, 1993)
„Диван“ (поезија, 1995)
„Пеливани во кујната“ (раскази, 1996)
„Весели деца“ (поезија, 2001)
„Исповед на поетот“ (записи и статии, 2008)
„Очите вечерни зелени“ (поезија, 2010)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.