Во чест на Жорж Санд (француска новелистка од периодот на францускиот романтизам), родена денес (1 Јули 1804-8 Јуни 1876), да се потсетиме на нејзината голема искрена љубов кон Алфред де Мисе, големиот француски поет и драматург. Двајцата романтични, но и полни со очај тие се отелотворение на возвишената љубов. Нивната голема љубов остава длабоки траги врз нивното творештво. Алфред е голем заводник и познат љубовџија, но на 19 јуни во 1833 година ја запознава Жорж Санд, која плени со својата скандалозна убавина.
Во тој момент се раѓа нивната страст која е деструктивна, посебно за Алфред кој после нивната тешка разделба во 1835 година, под дејство на алхолохол, нервен слом и срцева слабост умира млад во 1837 година на 46 годишна возраст. И покрај разделбата цело време се допишуваат и нивната колекција писма се едни од најстрасните и најубави љубовни писма некогаш напишани. Ви пренесуваме едно писмо кое го пишува Жорж Санд до Алфред де Мисе, писмо кое е чиста уметност, поезија и чиста љубов, како и неговиот одговор.
Писмото од Жорж Санд до Мисе
„Сакам да ве известам дека сум многу сум возбудена зошто минатата ноќ видов дека сѐ уште постои желба кај Вас да ме натерате да танцувам. Сѐ уште го паметам вашиот бакнеж и навистина посакувам тоа да биде доказ дека би можеле да ме сакате. Подготвена сум да Ви ја искажам мојата љубов без никаков интерес и без да добијам ништо за возврат и и ако сакате да ме видите и да ја откриете мојата вистинска разголена душа, дојдете да ме посетите.
Искрено, ќе разговараме како пријатели. Ќе Ви докажам дека сум искрена жена, која може да Ви понуди длабоки чувства како оние во љубовта и тесногради како оние во пријателството. Со еден збор сѐ она за што можете да сонувате затоа што вашата душа е слободна. Помислете на тоа дека осаменоста во која живеам e долга, напорна и честопати тешка. Дојдете што побргу, и помогнете ми да ја заборавам љубејќи ме со прегратките на љубовта во кои сакам да потонам. “
Одговорот на Алфред
„Кога клекнувам оддавајќи Ви бескрајна почит
Би сакале ли за момент да го сменам мојот лик?
Сите сетила на едно срце ги фативте во оков
Кои за да ве обожаваат ги створи Творецов,
Ве сакам, љубов моја и моето перо во екстази
Го пишува на хартија она што не осмелува да го каже
Со внимание, прочитајте ги првите збора од моите стихови
Ќе дознаете веднаш каков лек треба за моите јадови.“
Превод од француски јазик: Маја Дојчинова Малиновска
Покрај нивната голема љубов тие не завршуваат заедно, но остануваат да бидат инспирација за возвишена и искрена љубов.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.