Ми фалиш како ѕвездите на небото.
Без тебе сè е темно,
како месечина кога е покриена со црн темен облак.
Облак што беше светол
додека беше наша сегашност
што врнеше додека се смеевме на улица,
но што се смени и стана темен како нашата иднина.
Како темното мастило
што го истурив на парчето хартија
додека пробував да ја напишам нашата приказна,
како црните спомени од детството
што ги споделив со тебе,
како црните солзи што кога замина
ги исплакав по тебе.
Ми остави големи рани на срцето.
Не, времето нема да ми ги излечи раните.
Само се лажам себе
дека можам без тебе.
Барем по грешка да се јавеше.