Жан Кокто (5 јули 1889 година – 11 октомври 1963 година) бил француски поет, романсиер, драматург, сликар, дизајнер, режисер и боксерски тренер. Експериментал во уметноста и поминал низ сите фази на модерната уметност – кубизам, дадаизам, надреализам и според различноста на неговиот опус, тој се смета за типичен претставник на францускиот дух („Орфеј“, „Страшни деца“, „Петел и Харлекин“).
Роден е во Мезон Лафит, мал град во близина на Париз, од татко Жорж и мајка Евгенија. Неговото семејство било истакнато во париските високи кругови. Неговиот татко бил адвокат и аматерски сликар кој се самоубил кога Жан имал само 9 години, што остава големи траги на неговата личност и од мали години Жан ја спознава слабата страна на човековата душа. И покрај неговите достигнувања во скоро сите книжевни и уметнички полиња, Кокто секогаш потенцирал дека тој првенствено е пред сѐ поет и дека целиот негов уметнички опус е поезија. На 19-годишна возраст, ја објавил својата прва збирка песни со наслов „Аладиновата ламба“.
Бил почитуван член на заедницата на авангардни уметници на Монпарнас, особено затоа што водел боемски живот. Во раните дваесетти години, бил многу продуктивен. Рускиот импресарио Сергеј Дјагиљев го предизвикал да напише нешто за театарот. Со изјавата „Изненадете ме!“ ја фрлил својата ракавица кон Жан. Тој го прифатил предизвикот, а резултатот бил балетот „Парада“: Дјагиљев бил продуцент, костумите и сценографијата ги направил Пабло Пикасо, а музиката ја компонирал Ерик Сати. Делото не било добро примено од страна на публиката и во него можел да се претчувствува надреализмот. Името на правецот надреализам во уметноста го измислил писателот Гијом Аполинер.
Режирал шест надреалистички филмови: „Поетска крв“, „Орфеј“, „Тестаментот на Орфеј“, „Убавицата и ѕверот“ и други. Овие филмови подоцна влијаеле на филмскиот жанр познат како Француски нов бран (La nouvelle Vague). Пишувал и дела за Едит Пјаф, со кoја бил голем пријател.
Тој се запознал со еден млад писател по име Рајмон Радиге (автор на романот Ѓавол во телото) , кого го ослободил од воената служба и му помогнал да ги објави своите први дела. Тие честопати се дружеле, оделе на патувања и одмори. Денес се сомнева дека меѓу нив постеола хомосексуална врска, иако за тие тврдења нема докази. Ненадејната смрт на Рајмон во 1923 година го скршило целосно на духовен план и почнал да зема опиум.
Жан Кокто никогаш не ја криел својата хомесексуалност и јавно за тоа се изјаснува во неговата книга мемоари „Бела Книга“ каде јавно ја искажува својата привлечност кон посилниот пол.
Негивиот најпознат роман „Страшни деца (Les enfantes terribles)“ ја напишал за само за три недели.
Се смета дека од 1918 година па се до неговата смрт во 1963 година бил Голем мајстор на Сионскиот приорат.
Член бил на Француската академија од 1955 година до неговата смрт, а за време на неговиот живот добил многу други награди. Починал во неговиот замок од срцев удар на 11 октомври 1963 година, додека подготвувaл радио шоу во спомен на Едит Пјаф. Кога слушнал дека таа умрела тој ден, тој извикал: „Ах, Пјаф е мртва, сега можам да умрам!“. Погребан е во блиската црква.
Негови попознати дела се:
Поезија: „Енигми“., Алегории“ „Распнување“, „Парапрозодија“, и многу други.
Романи: „Потомак“, „Натрапникот Томас“, „Бела книга“, „Страшни деца“.
Режисер е многу филмски дела и театарски претстави. Насликал многу дела и напишал книжевна и филмска критика, меѓу другото и за своите дела .
Ја сметал поезијата за најсовршено уметничко изразување и не можеме а да не се согласиме со него, зошто сé онолу нас е поезија.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.