Бакнеж е средба на две души,
кога усните се спојуваат во заеднички ритам
срцата куцаат како едно,
а вие дишете во исто темпо,
кога очите се затвараат спонтано,
сè што гледаш е топлина.
Како да вкусуваш нектар
од изворот на привлекување,
и разменувате вкусни сокови
исполнувајќи им желба на копнежите,
пламтат страстите жедни
за напојување
за изворот да не пресуши.
Сигурно е излезен од рајот,
невербална комуникација
кога сè си кажал,
а збор не си изустил.
Како топол здив
што го носи летното ветре,
како најнежен допир,
памучен, свилен, кадифен.
За добредојде, за збогум,
за болка, за среќа, за тага, за заштита
на чело за почит,
на образ за пријателство,
на усни за љубов.
Детски, љубовен, мајчински.
За покажување нежност,
за кажување сè што не се објаснува,
сè она што душата го чувствува,
но не може да најде збор,
го ткае преку бакнеж.
Како сончев зрак
што гори во полн сјај
врел, светол, енергичен.
Како лажица мед
во чаша млеко,
вкусно, благо, хранливо.
Оти бакнежот е душевна храна,
и лек за секоја невидлива рана,
оти тој е решение за секоја љубовна загатка
и круна на секоја прегратка.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.