Понекогаш во животот се бориме за луѓе кои тоа не го заслужуваат. Мислиме дека може да се променат, се бориме за илузија. Токму зборовите на Стефани Ридс се како мевлем на рана, за тоа дека треба да се цениме себеси:
Еј ти. Да ти, од другата страна на екранот.
Имаш ли идеја колку прекрасна личност си?
Дали знаеш колку многу љубов криеш во твоето срце?
Тон љубов, тон светлина.
Тогаш зошто дејствуваш како да ја имаш заборавено својата вредност? Ти си на страната на оние луѓе кои не те ценат доволно. Кои не ги вреднуваат работите што им ги подаруваш, како внимание, добрина, љубезност, љубов, прегратки.
Луѓе кои те земаат како здраво за готово. Луѓе кои те повредиле и кои ќе продолжат да те повредуваат додека имаат можност за тоа. Понекогаш го правиш најдоброто за некои незрели индивидуи кои ќе те користат додека можат. И ти постојано се убедуваш себеси дека можеш да ги поправиш, да ги промениш. Мислиш дека може да ги смениш таквите личности од корен. Мислиш дека твојата љубов може да ги претвори во личности кои ќе бидат полн со љубов. Мислиш дека можеш да ги мотивираш за да го направат тоа. Но каде е промената? Тие продолжуваат да не ти ја возвраќаат љубовта. Не гледам дека тие те третираат на подобар начин, ниту дека те сакаат.
Сè што гледам е дека ти даваш повеќе шанси на луѓе кои тоа апсолутно не го заслужуваат. За што? Дали навистина мислиш дека само толку заслужуваш во твојот живот? Дали нивното однесување прави да се чувствуваш сакано? Тоа е она што го сакаш во твојата иднина? Колку повеќе им дозволуваш на овие луѓе да го прават тоа, колку повеќе ги ,,преколнуваш” за малку љубов, толку повеќе запаѓаш во лоша ситуација. Тие ќе те повредат. Го знам тоа. Проклето го знам тоа. Сум сретнала такви луѓе во животот. Таа рана сè уште ме пече. Ме разбираш?
Јас не можам да молчам. Не можам да гледам како ти го уништуваат животот. Ти заслужуваш чиста љубов. Не треба да молиш за љубов. Ти си повеќе од тоа. Ти си подобра личност од тоа, верувај ми. Престани да им даваш шанси на луѓето кои те повредиле. Престани со тоа. Ти не сакаш да го живееш тој живот.
Престани. Престани да дозволуваш да влегува токсичност во твојот живот. Спречи ја таа токсичност. Престани да се бориш за помалку од она што заслужуваш!
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.