Луѓето се суштества кои понекогаш многу тешко се разбираат меѓусебе. За сите небулози во човековите односи сведочат и мислите подолу:
Луѓето повеќе се трудат да стекнат материјално, отколку духовно богатство, иако сосема е сигурно дека нашата среќа ја создава она што сме, а нe она што го имаме. – Артур Шопенхауер
Чесните луѓе се држат до своите ветувања и не се како пеперутките кои слетуваат на цветот, а потоа, штом ќе го соберат правот, веднаш одлетуваат понатаму. – Виетнамска поговорка
Сите луѓе се – луѓе; секој човек е грешен. Па, зошто тогаш да се лутиме и караме? – Толстој
За да ве остават луѓето на мира, поважно е да ја криете својата вредност, отколку својот недостаток. – Томас Карлајл
Луѓето многу се плашат да го украдат вашиот имот, а ништо лошо не гледаат кога се мешаат во вашата интима. – Калил Џибран
Иако луѓето се создадени од ист материјал, не се сите излеани од ист калап. – Шкотска поговорка
Од користољубивост, луѓето се откажуваат од татковината, семејството и верата. – Јован Дучиќ
Кога луѓето ќе почнат да паѓаат, паѓаат по Њутновиот закон за гравитација: сè подлабоко и побрзо во беда и пропаст. – Непознат автор
Има два вида луѓе: оние кои можат да бидат среќни, тоа не се, и оние кои ја бараат среќата, но не ја наоѓаат. – Арапска поговорка
Луѓето кои самите не работат и не преземаат ништо во животот, лесно го губат трпението и паѓаат во грешки кога судат за туѓата работа. – Иво Андриќ
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.