Побара ум од мене.
Не размисли
Ниту за миг
дека и јас
хамлетовски размислувам…
Што е во срцево – дал’ да се види
ил’ образ одраз да ми скрие,
та тагата ѝ љубовта
притаено, нежно,
миловито – неизбежно
в душа да ми спијат
со пердув од паун покриени.
Ирена Белешковска