Живееше со секој дамар
Со секоја насмевка
Беше единствена, неповторлива убавина
Не ја криеше убавината во очите
Кои сјаеја со секој искажан збор,
Не ја одгатнуваше тајната од твоите зеници
Кои ги виделе и најголемите животни приказни,
Не ја отвараше срцевината на темните ноќи
Кои преспале во заносен немирен оган,
Не го прелеваше неспокојот кој течеше низ твоите вени
Кои наоѓаа мир во твоето срце,
Живееше со секој дамар
Со секоја неиспиена шолја утринско кафе
Каде се криеја сите неисакажани молитви
Кои се слушаа во темнините на заборавот
Но не и во усните каде се криеја твоите насмевки
Кои се уште се будат со секое ново изгрејсонце во универзумот.
Со нив започнува секој мој нов ден.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.