Ако некогаш се сетиш на мојот глас
Нека биде тоа радост, а не плач
Ако некогаш се сетиш на моето име
Тоа нека биде вечност, а не заборав
Ако некогаш се сетиш на моите очи
Тоа нека биде сјај, а не темнина
Ако некогаш се сетиш на мојата немилосрдност
Тоа нека биде прифаќање, а не страв
Ако некогаш го изустиш моето име
Тоа нека биде спомен, а не болка,
Ако некогаш погледнеш туѓа насмевка
Сети се на мојата и не заборавај
Дека те сакам
И дека соништата на љубовта траат вечно
Како и нашиот.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.