Нарцис бил згодно младо момче од провинцијата Боеотија во античка Грција и било неверојатно убаво, а освен што самото било свесно за сопствената убавина и се восхитувало на неговиот одраз во огледалото секое утро, се чинело дека таа убавина ја препознаваат таа скоро и сите девојки во земјата и биле заљубени во него. Но, било толку сурово и бесчувтвително што ги кршело срцата на сите девојки без да има ни тронка совест.
Но не само на обичните девојки, Грција била земја каде живееле шармантни нимфи кои населувале реки, езера, извори и ги чувале дрвјата во шумите. Една од нив се викала Ехо и заљубувањето во Нарцис била една од најлошите работи што ѝ се случиле некогаш во животот. Ехо била нимфа која, Хера, божица позната по својата немилосрдност, ја лишила од моќта на говорот и ја осудила да ги повторува за време на остатокот од својот живот, последните зборови што некој ќе ѝ ги каже. Затоа, кога Ехо се обидела да му каже на Нарцис како се чувствува, таа можела само да ги повтори неговите зборови, а резултатот бил катастрофален. Со тоа што само повторувала, го изнервирала замислениот млад човек кој се оддалечил од неа, по што остатокот од својот краток живот го поминала сама со скршено срце , живеејќи во пештера. Наскоро, нејзиното тело исчезнало, а коските и се претвориле во камен, така што на крајот останал само нејзиниот глас – и ако некогаш влезете во пештера и викате ќе ја чуете „Ехо“ како ви одговара.
Но, како што боговите и божиците можеле да видат и слушнат сè, така и ова дело не поминалo неказнето. Божицата Афродита, инаку божица на љубовта и убавината, била многу лута на Нарцис, кој со своите постапки се спротиставил на љубовта. Таа го проколнала и го натерала да се за заљуби во самиот себе.
Еден ден, кога се враќало накај дома, момчето наишло на езерце со кристално чиста вода и се наведнало да се напие. Потоа го видело оној кој во неговите очи бил најубавиот млад човек на светот – самиот себеси и се заљубило во сопствениот одраз.
И покрај обидите на неговите родители да го тргнат подалеку од езерото, Нарцис лежел во тревата цел ден и цела ноќ, главата потппрена на рацете, зјапајќи во сопствениот одраз. Но, вистински се мачел затоа што неговиот копнеж бил толку блиску до него, а сепак тој не можелда го фати или да го допре. На крајот, болката станала премногу силна за младото момче и тоа се прободило директно во срцето со еден бодеж. Нарцис вреснал а некаде далеку Ехо исто така вреснала. Сожалувајќи го, Афродита го претворила мртвото тело на младиот човек во цвет нарцис како потсетник за она што се случило.
До ден-денес, нарцисите може да се најдат особено на бреговите на тивките езера каде што растат и ја разубавуваат природата, особено во пролетта.
Нарцис е потеклото на терминот нарцизам, фиксација со себеси кој денес често се употребува.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.