Фрида Кало чие целосно име било Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон е најистакната мексиканска сликарка. Најпозната е по нејзините автопортрети. Уште од раната младост покажала голем уметнички талент. Негувала независен и страстен дух кој се противел на секоја општествена конвенција.
Фрида подоцна станува жртва во сообраќајна несреќа која настанала меѓу автобусот во кој се возела и трамвај и како последица на истата се здобила со фрактура на ‘рбетниот столб. Ова ѝ го одбележува животот, а честото лежење во постела допринело кај неа да се развие сликарскиот талент.
Прочитајте ги во продолжение нејзините цитати.
„Би сакала да ти дадам сè што никогаш си немал, но дури ни тогаш не би знаел колку е убаво што те сакам“.
„На крајот на денот, издржуваме многу повеќе отколку што сме замислувале дека можеме“.
„Не гради ѕид околу сопственото страдање, затоа што ќе те изеде однатре“.
„Те сакам повеќе од сопствената кожа и иако не ме сакаш исто толку, сепак ме сакаш, нели? Дури и да не ме сакаш, јас секогаш ќе се надевам дека ме сакаш, и тоа ми е доволно. Сакај ме барем малку. Те обожавам“.
„Порано пиев затоа што сакав да ја удавам мојата тага. Но сега проклетата научи како да плива“.
„ Ништо не е повредно од насмевката. Тоа е сила да се смееш и да се напуштиш себеси, да се претвориш во светлост. Трагедијата е најглупавата работа“.
„Преживеав две големи несреќи во животот. Едната во која трамвајот направи да бидам таква каква што сум, а другата е Диего“.
„Јас не сум болна. Јас сум скршена. Но, среќна сум сè додека можам да сликам“.
„Запомни дека секое тик-так е момент од животот кој заминува и не се повторува. Во него има толку многу интензитет, толку многу интерес, што останува само проблемот како да го изживееш. Секој треба да си го реши проблемот најдобро што може“.
„Најди љубовник кој ќе те гледа како да си магија“.
„Ништо не е апсолутно. Сè се менува, сè се движи, сè полетува и одлетува“.
„Цртам автопортрети затоа што јас сум личноста која најдобро ја познавам“.
„Се родив како кучка. Исто како што се родив како уметник“.
„Стапала, што ќе ми сте кога имам крила да летам?“
„Никогаш, во сиот мој живот, нема да го заборавам твоето присуство. Ме прибра кога бев уморна и ме врати комплетна, цела“.
„Мислеа дека сум надреалист, но не сум. Не сликам соништа или кошмари, само ја сликам својата реалност“.
„Чувствувам дека сме заедно уште од нашето раѓање, дека сме створени од истата материја, од истите бранови, дека го делиме истиот пат“.
„Порано сметав дека јас сум најчудната личност на светот, но тогаш се сетив дека постојат толку многу луѓе на светот, па мора да има некоја како мене која се чувствува чудно и несовршено на истиот начин како мене. Ја замислував и мислам дека и таа мора да е таму некаде и да мисли на мене. Е па, се надевам дека си таму некаде надвор и дека го читаш ова и знај дека, да, јас навистина сум тука и сум чудна исто колку тебе“.
„Најинтересната работа во врска со т.н. лаги за Диего беше тоа што, порано или подоцна, оние што се во замислената бајка стануваат гневни, но не заради лагите, туку заради вистината во нив која секогаш излегува посилна“.
„Ти го оставам мојот портрет за да го имаш моето присуство во дните и ноќите кога ќе бидам далеку од тебе“.
„Болката не е само дел од животот, таа може да стане самиот живот“.
„Јас сликам цвеќиња за да не овенат“.
„Јас сум сопствената муза, јас сум темата која ја знам најдобро. И темата која сакам да ја знам уште подобро“.
Прочитајте ги и следниве мотивациони цитати.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.