Те паметам по конците.
Испружени пред твоите нозе
Како некогаш недоискажани приказни,
Приказни кои никогаш не ми ги раскажуваше
А јас чекав, чекав да отплетеш некоја нова,
Некоја нова приказна
За сиромашни принцези
За принцови жаби
За самовили кои се капале во новоносени реки
За стари баби роги кои се појавуваат од темни сокаци
Но ти,
Ти замислено ги одмрсуваше конците
Ги отплеткуваше и пак расплетуваше
И ние ги носевме твоите приказни
Тие беа допир, но не и слух
Тие беа сегашност, но не и минато
Тие беа плетки, а не приказни
Тие беа љубови кои може да се фатат, но не и да слушнат
Да се допрат на оголена кожа
Да го ожежат месото на јулското сонце
Да го стоплат ледениот чај
и да допрат до срцата на оние кои ги носат
без да знаат дека љубовта може да биде и мекоста на допирот.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.