Skip to content

Убавина – Ацо Шопов

Споделуваме македонска поезија од неповторливиот Ацо Шопов. Уживајте во читањето на стиховите на овој поет!

Убавина

Me прогони како жена блудна,
ненаситна, похотна, осамена.
Me грабнува вo прегратка пламена
неизбежно и сo cилa судна.
И ме фрла co дланката лесна
в чудна игра, в чудно компонирање,
изгаснувам во грч и умирање
и се враќам в живот како песна.
Па со поглед што блика и зрачи,
потонувам до дно вo модрината,
и кликнувам пак на убавината:
Прострелај ме со своите лачи!
Прострелај ме, па сѐнека стивне
без расудок, без празно умување,
и блесокот на тоа лудување,
само твојот блесок нека вивне.

Напишете коментар