Skip to content

Вљубената – Пол Елијар

Пол Елијар (француски: Paul Éluard) (14 декември 1895 – 18 ноември 1952) e француски поет. Својата прва збирка поезија, Елијар ја објавил во 1917 година, кога имал 22 години. Елијар е еден од основачите на надреализмот. Во 1926 година, по враќањето од своето патување по егзотичните земји, Елијар ја објавил „Престолнина на болката“ – ремек-дело на надреализмот.

Ги објавил и „Опачините на еден живот или човечка пирамида“. Подоцна, тој ги објавил делата: „Непрекината поезија“, „Политички стихови“, „Една морална лекција“ и „Феникс“.

Ја споделувам една од моите омилени песни која плени со едноставност и со убавина.

Вљубената

Таа е застаната врз моите клепки
И нејзините коси се измешани со моите
таа го има обликот на моите раце
Таа ја има бојата на моите очи
Таа втонува во мојата сенка
Како камен во небото.

Таа секогаш ги држи очите отворени
И не ме остава да спијам.
Нејзините соништа среде светлини што течат
Прават да испарат сонцата,
Прават да се смеам, да плачам и да се смеам,
Да зборувам без да имам што да речам.

Препев: Влада Урошевиќ

Напишете коментар