Депресија – состојба на нерасположение и аверзија кон активност која може да влијае врз мислите, однесувањето, чувствата и чувство на благосостојба на една личност.
Депресивните луѓе можат да се чувствуваат тажни, вознемирени, празни, безнадежни, загрижени, беспомошни, безвредни, виновни, раздразливи, повредени или преморени.
Тие можат да го изгубат интересот за активностите кои некогаш им биле пријатни, го губат апетитот за јадење или се прејадуваат, имаат проблеми со концентрација.
Треба да се зборива за депресијата и да се побара помош.
1. Депресијата го нарушува вашето размислување
Кога сте депресивни, вашиот ум може да игра трикови со вас. Еден таков проблем е размислувањето за самоубиство.
2. Депресијата го отежнува “давањето” и искажувањето на емоции
Многу е тешко да се мисли на други луѓе кога ќе се завиткате во ќебето на депресијата и тагата и сè што можете да размислувате е вашата болка.
Затоа, обидете се да прочитате книга за да ви помогне да разберете низ што минувате и како најдобро да се справите со неа.
3. Депресијата се доживува како вознемиреност или анксиозност во 65 проценти од времето
Осигурете се да добиете точна дијагноза, за да можете да го добиете најефикасниот третман.
Во психотерапијата има изрека: „Нема апчиња без вештини“. Ако земате лекови, треба да започнете и со терапија.
4. Хроничната болка може да биде уште еден симптом на депресија
Во исто време, да се биде во постојана непријатност може да предизвика да бидете и депресивни.
Хроничната болка и депресијата се тесно поврзани.
5. Луѓето не избираат да бидат депресивни, но може да изберат како да се справат со истата
Депресијата тивко се шмугнува во животот на луѓето и понекогаш е тешко да се ппбара помош. Но сепак налуѓето не одлучуваат дали ќе бидат депресивни или не бидјеќи депресијата е сериозна болест.
Но можат да одлучат како да се справат со истата, да побараат помош од блиските и едноставно да не с еплашат отворено да зборуваат за својата состојба.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.