Во Штип заврши 35-тото издание на фестивалот на музика „Макфест 2020“. Победник е Нокаут со песната „Сакам да живеам“ за која доби парична награда од 5000 евра. Втората награда и 3000 евра ги доби Ѓоко Танески за песната „Ден по ден“ и трета награда ја доби песната „Ако те изгубам“ во изведба на Омар Џаферовски за која доби 1000 евра.
Никола Перевски-Пере од Нокаут по рогласувањето на победниците кажа дека ова е награда по 24 години работа. „По 24 години конечно нешто да освоиме, публиката тоа го забележа, дека има некаков квалитет, што сме го направиле. Се разбира тука е жирото кое гласаше за нас и веројатно жирото, тоа го почуствувало. Најважно е за мене да почуствува песната, да се пренесе енергијата, кај публиката, еве и кај жирото и сметам дека е заслужено“ – вели Пере од Нокаут.
Најдобар сценски настап имаше Виктор Апостоловски за песната „Срца камени“.
Годинава не се додели наградата за најдобра вокална интерпретација заради пандемијата и неможноста пејачите да пејат во живо.
Додека стручното жири гласаше, со сопствена шоу прграма се претстави Игор Џамбазов заедно со Гуру Харе, инаку поранешен победник на „Макфест“ со песната „Време за плачење“.
На официјалната страница на фестивалот пишува
Што се однесува за почитувањето на здравствените протоколи фестивалот беше беспрекорно организиран. Волонтерите на ОО Црвен Крст постојано беа меѓу публиката, кои предупредуваа на држење дистанца и задолжително носење на заштитни маски. Во контекст на ова, организаторот со поддршка на спонзори обезбеди дезинфекциони средства и заштитни маски за публиката.Во контекст на ова, организаторот со поддршка на фирмата „Мултихем“ обезбеди дезинфекциони средства за публиката, а долгогодишниот поддржувач на фестивалот „ЕАМ“ обезбеди заштитни маски. Фестивалот го поддржа и „Кит-го“, „Витаминка“, хотел „Гогов“,„Телекабел“ и „Брилијант“.
Организациониот одбор, искусен со децении, предводен од техничкиот раководител Кирил Панајотов, стори сѐ што може, да обезбеди следење на фестивалот согласно сите стандарди и норми. Но и да овозможи непречено одвивање на сите активности на сцената како и зад неа, во бекстејџот.
Годинашниов 35-ти роденден на „Макфест“ се оддржа на градскиот плоштад, под отворено небо, како резултат на светската пандемија.
Слушнете ја победничката песна „Сакам да живеам“
Тимот на Крајбрежје им честита на Нокаут за заслужената победа, како и на останатите наградени.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.