Прочитајте го романот со кој Стивен Кинг стигна до пиедесталот на американски автори кои творат во жанрот хорор. Амбиентот и ликовите се под влијание на личните искуства на Кинг. Вклучително и неговата посета на хотелот „Стенли“ во 1974 година и неговата борба со алкохолизмот.
Џек Торенс, неговата жена Венди и синот Дени се вселуваат во хотелот „Видиковец“ бидејќи Џек ја добива работата на чувар во зимскиот период. Неколку месеци се отсечени од цивилизација. Џек се обидува да се избори со алкохолизмот и со нападите на бес додека ја пишува новата театарска претстава. Но, силите на темнината што престојуваат во хотелот „Видиковец“ кој има долга историја на насилства сакаат да го земат Дени заради неговите силни прекогнитивни способности. Сакаат да се послужат со слабостите на Џек за да го зграпчат момчето…
Хорор-романот Сјаење е за прв пат објавен во 1977 година. Во 1980 година, според романот, снимен е и филм, во режија на Стенли Кјубрик, а со Џек Николсон во главната улога. Овој филм се вбројува меѓу најдобрите на сите времиња. Подоцна, во 1997 година, истиот е адаптиран и во минителевизиска серија.
Откако ќе го прочитате романот секако гледајте го филмот кој бил критикуван од Стивен Кинг заради големи отстапувања од книгата.
Прочитајте го и овој предлог за книга од Мишел де Моњтен.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.