Децата се најубав дар, продолжеток на вашиот род, нешто што ќе остане и после вас. Тие не се само спој на вашите гени и наследни карактеристики, туку многу повеќе од ова. На блогот имаме посебно катче коешто им е посветено токму на најмалите, но и на родителите.
Во чест на светската недела на детето (која годинава официјално ќе се означи од 26 октомври до 1 ноември според Google), ги споделуваме овие цитати што се однесуваат на сите деца.
Прочитајте ги во продолжение!
„Малите деца не ти даваат да спиеш, големите да дишеш.“ – Руска поговорка
„Ако ги решите сите проблеми од своите деца тогаш тие нема да имаат други проблем освен вас.“ – Душан Радовиќ
„Учете го вашето дете на наука, не со сила туку со игра.“ – Платон
„Очекувај го од своите деца во староста она што сам го правеше од својот татко.“ – Питагора
„Првите солзи на детето се молба, ако не ги спречите ќе станат наредби.“ – Русо
„Децата наоѓаат сè во ништо, а луѓето ништо во сè.“ – Џ. Леопарди
„Паметните родители им дозволуваат на своите деца некогаш и да згрешат.“ – Ганди
„Децата и часовниците не смеат непрекинато да се навиваат. Вреди да ги пуштите и да одат.“ – Ж.П. Сартр
„Од памтивек, синовите се помалку разумни од татковци, но за среќа синовите стануваат разумни штом станат татковци.“ – Меша Селимовиќ
„Кој ќе го научи детето да се задоволи со малку му остава повеќе од богатство.“ – Германска поговорка
„Човекот сака од секого да е подобар, но полош од сопственото дете.“ – Српска поговорка
„Оној што живее без деца, не знае за жалост, кој умира без деца, не знае за радост.“ – Германска поговорка
„До петтата година детето е твој господар, до десетта твој слуга, од десетта до петнаесетта твој таен сојузник, а потоа станува твој пријател или твој непријател.“ – Германска поговорка
„Кој нема грижи, нека го ожени синот.“ – Финска поговорка
„Блазе на бабите и дедовците кои имаат внуци, тешко нас кои имаме деца.“ – Душан Радовиќ
„Има многу сиромашни меѓу нашите деца кои нивните родители освен пари ништо друго не можеле да им дадат.“ – Душан Радовиќ
„Родителите се запрепастени кога ќе слушнат дека децата им се дрогираат. Не можат да веруваат. Кога последен пат ги виделе, не се дрогирале.“ – Душан Радовиќ
„Од децата можете многу да научите. На пример колкаво е вашето трпение.“ – Данте Алигиери
„Децата се единствен облик на бесмртност во која можеме да бидеме сигурни.“ – Питер Устинов
„Јас имам многу цвеќиња“, рекол, „но најубави цвеќиња се децата.“ – Оскар Вајлд
„Сонливо дете е најубавата работа на светот, тоа е најнежна глетка која можат да ја гледаат човечките очи.“ – С.С
„Кога сакаш да дознаеш дали некоја особа во твојата близина е достојна за верување, најпрво види како некое дете гледа на нејзе.“ – Паоло Коелјо
„Децата за сите луѓе се нивниот живот.“ – Еврипид
„Само децата што не слушаат можат да станат подобри од своите родители.“ – Душан Радовиќ
„Дајте му на детето насмевка, тоа ќе ви ја даде душата.“ – Доситеј Обрадовиќ
„Најголемиот човек секогаш останува дете.“ – Ј.В. Гете
„Во децата се обновува и чисти реката на човештвото.“ – Иво Андриќ
„Децата никогаш не се добри во слушање, но секогаш се добри во имитирање.“ – Џејмс Болдвин
„Дознаваме колку малку знаеме тогаш кога дете ќе почне да ни поставува прашања.“ – Ричард Л. Еванс
Постојат триста патишта да се напушти детството. Но само на ретките им текнува да останат вечно дете.“ Мирослав М. Антиќ
„Секое дете е уметник. Проблем е да се остане уметник после растење.“ – Пабло Пикасо
„Наједноставните прошетки во летните вечери со мојот татко, додека бев дете, за мене направија чудо кога пораснав.“ – Енди Руни
„Едно дете може да го научи возрасниот на три работи: да биде задоволен без причина, секогаш да се занимава со нешто и со сите сили да го бара она што го сака.“ – Паоло Коелјо
„Мојот татко ми го даде најдобриот дар кој можеш да го дадеш некому – веруваше во мене!“ – Џим Валвано
„Мама ми се насмевна. Нејзината насмевка на некој начин ме прегрна.“ – Р. Џ Паласио
„Семејството е едно ремек-дело на природата!“ – Џорџ Сантајана
„Детските игри не се само игри, тие треба да се набљудуваат со сериозна детска активност.“ – Мишел де Моњтен
„Не гледајте на детето како да е некоја драгоценост, туку трудете се тоа да постане.“ – Питер Р.
„Каде што се децата, таму е и златното време!“ – Новалис
„Душата се лекува кога сте меѓу децата.“ – Ф.М Достоевски
„Еден татко вреди повеќе од сто учители! – Џорџ Херберт
„Жените нè прават поети, а децата филозофи!“ – Томас Честертон
„Не постои начин да станете совршена мајка, но постојат милион начини да бидете добра мајка!“ Џил Черчил
Прочитајте ги и следниве цитати за животот, љубовта и сонот од Марина Цветаева.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.