Го споделуваме краткиот осврт кон „Приказни за добра ноќ“ што го напиша Софија Петковска неодамна. Ако не сте ја прочитале, после оваа кратка рецензија можеби ќе посакате да се најде на вашата листа за читање.
Краткиот осврт
Ова е книга со кратки раскази која лесно се чита, книга за сите генерации. На момент се почувствував дека го читам сопствениот дневник, бидејќи многу од расказите се пишувани во форма на разговор, со многу реторички прашања кои остануваат да “летаат” низ воздухот. На овој начин, секој текст поттикнува на размислување за темата која е зачната од самата авторка. Темите кои се обработуваат во текстовите се инспирирани од самиот живот: љубовта, тагата, болката, стравот, Сонцето, Месечината, природата, богатството, сиромаштијата, соновите, смртта, животот. Во многу текстови може да се забележи поетичност во зборовите, па така на многу места дур читате ќе се запрашате дали читате поезија или проза, бидејќи емотивноста во текстовите го дава тој впечаток. Ова е книга за сите генерации буквално. И сметам дека секој треба да ја има во својот дом.
Прочитајте ја и рецензијата за „Илјада неверојатни сонца“ од Халед Хосеини.