Томас Алва Едисон (11 февруари 1847 – 18 октомври 1931) бил американски техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се: фонографот (грамофонот), микрофонот, акумулаторот, електричната светилка. Тој го усовршил телефонот, меѓу првите изградил електрична централа. Бил прв кој ја применил филмската лента од целулоид и изградил прво филмско ателје во светот.
Како награда за спасување на синот на шефот на железничката станица, 12–годишниот Едисон добил можност да ракува со телеграф. Неколку години работел како телеграфски оператор насекаде низ САД. Успеал да заштеди доволно за да почне свој бизнис. Во сопствената работилница го покажал сиот пронаоѓачки талент. Меѓу неговите патенти се вбројуваат: грамофонот, телеграфот – печатач, карбонскиот телефонски трансмитер, микрофонот, како и многу други апарати. Кон крајот на животот произвел звучни филмови.
Во музејот „Хенри Форд“ во Мичиген, во мала стаклена епрувета се чува воздухот за кој се тврди дека е последниот здив на Едисон. Кога Едисон умрел во својата спална соба во Њу Џерси, пред него имало отворена епрувета во која наводно тој го издишал последниот здив, по што неговиот лекар ја запечатил епруветата.
Прочитајте ги неговите најпознати цитати во продолжение
1. „Генијот е 1% инспирација и 99% пот“.
2. „Нашата голема слабост лежи во откажувањето. Најдобар начин да се постигне успех е секогаш да се обидете, барем уште еднаш“.
3. „За да измислиш нешто мора да имаш добра фантазија и купиште отпад“.
4. „Најголемо животно промашување се луѓето кои не сфаќаат колку се блиску до успехот во моментот кога се откажале“.
5. „Никогаш ниеден ден во животот ништо не сум работел. Сè тоа беше само забава“.
6. „Само бидејќи нешто не работи онака како што си планирал не значи дека тоа е неупотребливо“.
7. „Нема замена за напорната работа“.
8. „Горд сум на факот дека никогаш не измислив некое оружје кое може да убива“.
9. „Никогаш ништо не сум направил случајно, нити некои од моите изуми дојдоа случајно. Тие се резултат на работа“.
10. „Зрелоста е често поапсурдна од младоста, а често е и неправедна кон младоста“.
11. „Големите идеи настануваат во мускулите“.
12. „Постои начин за нешто да се направи подобро – пронајди го“.
13. „Она што човечкиот ум ќе го направи, човечкиот карактер не може да го контролира“.
14. „Она што најмногу ни недостига во животот, тоа е некој кој би не присилувал да го правиме она што го можеме“.
15. „Главната функција на телото е да го носи мозокот наоколу“.
Прочитајте ги и следниве мисли од Фридрих Ниче!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.