Skip to content

Предлог книга за денес – Енциклопедија на мртвите од Данило Киш

Енциклопедија на мртвите (српски: Енциклопедија мртвих) се  збирка раскази на југословенскиот писател Данило Киш од 1983 година.

Енциклопедија на мртвите е големото ремек-дело со кое Данило Киш ја достигна својата светска слава како еден од најоригиналните автори на постмодернизмот. Секој од деветте незаборавни раскази во оваа збирка е засебен микрокосмос во кој авторот се обидува да извлече смисла од апсурдот на секојдневното живеење исполнето со страдање, насилство и осаменост. Преку заедничките теми, Енциклопедија на мртвите може да се чита не само како збирка раскази, туку и како роман за парадоксите на живеењето во Источна Европа.

Збирката се состои од девет раскази:

  • „Симон Чудотворецот“ (Симон Чудотворац)
  • „Посмртни почести“ (Посмртне почасти)
  • „Енциклопедија на мртвите“ (Енциклопедија мртвих)
  • „Легенда за спијачите“ (Легенда о спавачима)
  • „Огледало на непознатото“ (Огледало непознато)
  • „Приказна за мајсторот и ученикот“ (Прича о мајстору и ученик)
  • „Славно е да се умре за татковината“ (Славно је за отаџбину мрет)
  • „Книга на кралевите и будалите“ (Књига краљева и будала)
  • „Црвени марки со ликот на Ленин“ (Црвене марке с ликом Лењина)
Тематика

Заедничка тема на сите раскази е смртта, која во ова дело е прикажана во различни историским, културни и идеолошки димензии. Секој расказ има свои јунаци кои не се појавуваат во другите раскази, као и различна просторна и временска определеност. Единтсвената заедничка нишка што ги поврзува расказите е смртта као неминовен судбински избор. Одредувањето на тематската суштина на секој расказ е објаснето во додатокот со наслов постскриптум.

Самиот автор за значењето на „Енциклопедијата на мртвите“ вели: Тоа е книга за љубовта и смртта, и би се осудил да кажам дека со повнимателно читање може да се открие дека ерос и танатос, како теми што се провлекуваат низ сите мои книги, овде доаѓаат до поцелосен израз. Мислам дека тоа е основното нешто што би можел да го кажам за значењето на Енциклопедијата. Слично на тоа, во пост-скриптумот кон збирката, Киш пишува: Сите раскази во оваа книга во поголема или во помала мера се во знакот на една тема што би ја нарекол метафизичка; од епот Гилгамеш, прашањето на смртта е една од опсесивните теми во литературата. Притоа тој вели дека збирката би можела да носи поднаслов Западно-источен диван, со јасен ироничен и пародиски контекст.

За животот и делото на Данило Киш, југословенски писател со светско реноме одете на линков

Напишете коментар