Skip to content

Зајчето на Трајче

Едно дете по име Трајче

дома си чуваше мало зајче

со бело крзно меко како памук

морковот му беше омилен зеленчук.

Грицкаше и малку зелка,

а секогаш ѝ се радуваше

на свежата марулка.

Трајче го хранеше секој ден,

и му пееше песнички за роденден,

иако тоа не можеше да зборува

со милните очиња трепкаше

исто како да се заблагодарува.

Белчо не беше обичен зајак

тој е покрупен од секој пајак,

знаеше да вози кајак,

и да трча на сонце

впивајќи го секој топол зрак.

Двајцата другари беа убава слика

дружбата нивна совршена прилика

за развој, игра, смеа и разонода,

да ги сакаш животните секогаш е во мода!

Н.Н

Напишете коментар