„Технологијата која нè поврзува исто така нè контролира“ е еден од цитатите спомнат во филмот.
Документарните филмови вообичаено не стигнуваат до врвот на најгледаните содржини, без оглед дали станува збор за Нетфликс или некоја друга платформа. Покрај тоа што нудат одговори на некои важни прашања, и најпопуларните документарни филмови никогаш не привлекувале толкаво внимание. Причина за ова најверојатно е дека на гледачите им е потребно нешто кое би им привлекло внимание од секојдневните проблеми.
The Social Dilemma е документарен филм кој се прикажува на Нетфликс. Како што тврдат неговите автори со нашите мозоци постојано се манипулира, а алгоритамите веќе влијаат и на процесите на размислување. Бидејќи тие се создадени да ни привлекуваат внимание и да нè натераат да купиме одреден производ. Меѓу понудената роба помеѓу патики и најмодерни телефони се наоѓаат и изобличените идеи за светот, за нас самите, т.е. за оние што нè опкружуваат. Предрасудите не стигнуваат од родителските домови туку веќе директно од малите и големите екрани.
Во неколку наврати Jeff Orlowski авторот на филмот разговара со луѓето кои помогнале во изградбата на најпознатите социјални медиуми, а сега се плашат дека направиле монструм кој влијае на менталното здравје на поединците, но и на основите на демократијата.
Менталното здравје и социјалните мрежи
Зависноста од овие мрежи се споредува со секоја друга зависност која може еден да ја има. Од шеќер, до хазардни игри, хероин, сè накрај е исто како и желбата да ја следите симпатијата на инстаграм. Дури постои и убава аналогија во еден цитат каде што се вели дека единствени две организации кои го користат терминот корисници за своите купувачи се мафијата и индустрискиот софтвер.
Што се однесува до основите на демократијата, се поставува прашањето во врска со мешањето на руските хакери преку фејсбук во американските избори, каде убаво е објаснето дека никој не го хакнал фејсбук туку само е искористена веќе готовата платформа.
Влијанието на социјалните медиуми е веќе доста обработувана тема за којашто се воделе безброј дебати помеѓу потесните кругови пријателства, но и помеѓу политичките моќници во американскиот Конгрес после скандалот кој го потресе Фејсбук во 2016 г.
До која мера сме марионети на социјалните мрежи?
Минатиот месец овој документарец беше најпопуларен на листата за гледање на Нетфликс со денови. Авторот прави драстичен чекор и ги повикува експертите кои работеле на самиот врв на Фејсбук, Гугл, Инстаграм, Твитер, Пинтересет и други мрежи. Поранешните вработени кои се откажале на врвот на кариерата поради етички причини говорат за тоа како самите учествувале во креирање дистописко чудовиште кое нè контролира речиси постојано.
Со своите сведоштва ги демантираат оние кои мислат дека нас нè набљудуваат поединечно бидејќи во документарецот е прикажано до кој размер нашиот “feed“ е прилагоден кон нас. Заедно со поранешните вработени во документарецот учествуваат и други експерти кои ни презентираат како овие корпорации ја гаѓаат човечката психа за да стануваме сè позависни. Секое известување, секој тон, допаѓање, покренуваат комплетна реакција во нас поради која се создава зависност. Целата приказна се сведува на тоа дека компаниите повеќе не им продаваат само простор на огласувачите за огласување туку продаваат корисници (тоа сме сите ние) и нашите промени во однесувањето во насока која огласувачите ја сакаат.
Што е прикажно во филмот?
Во еден дел од филмот на фиктивен начин прикажано е едно семејство каде што се гледа како социјалните мрежи влијаат на луѓето. Се гледа колкаво е притискањето да се оствари контакт со друга особа по пат на лајкување, па сè до повик за учество во политички настани и собири со чиишто членови не ги делиш целосно истите мислења.
Прикажано е како секоја наша активност е следена, дури што останува забележано и временски на која содржина или фотографија сме се задржале најмногу. Со секој клик се креира нашиот “профил“, се дознава кои се нашите интереси, за кои теми сакаме да читаме итн.
Филмот е повеќе од информативен карактер и не нуди некои готови решенија. Сите учесници што говорат во него се оптимисти и зборуваат дека сè уште може да се прекине и да се врати на почетната точка.
Погледнете го официјалниот трејлер во видеото подолу.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.