Skip to content

Неколку книги од Пауло Коелјо кои ќе ви го сменат погледот на животот

Пауло Коелјо важи за еден од најдобрите писатели на денешницата. Роден е во Рио де Женеиро, Бразил. Како млад, одбивал да живее по традиционалните принципи на својата татковина. Некое време бил затворен во душевна болница заради желбата за пишување. Низ неговото творештво, Коелјо, создава сонови за оние кои не сонуваат, шири љубов онаму каде што има омраза и им дава визија на оние кои не се плашат од понизнос. Во негова чест, ќе издвоиме неколку негови дела кои сметаме дека треба да бидат дел од сечија библиотека.

Вероника реши да умре

Се чини дека младата Вероника има се што може да посака – младост, убавина, мажи, прекрасно семејство и работа која ја исполнува. Но нешто не е во ред со нејзиниот живот. Одеднаш, таа сфаќа дека постигнала се што сакала и одлучува дека е време да умре. Зема грст апчиња за спиење и очекува дека никогаш веќе нема да се разбуди. Но се буди и тоа во психијатриска болница. После тоа, животот и се менува од корен.

Инспириран од животот на авторот, “Вероника реши да умре“ ги актуелизира прашањата на лудоста и нормалноста и ги слави поединците кои не се вклопуваат во општеството. Несекојдневниот портрет на младата жена се наоѓа на крстопат меѓу очајот и слободата, соочувањето со стравот од смртта и доживувањето на секој ден како да е последен.

Алхемичарот

Кога нешто сакаме, целиот универзум прави заговор, како би ни помогнал да го оствариме.

Алхемичарот е приказна која плени со својата едноставност и не инспирира, преку својата мудрост, да ја следиме авантурата на младиот Сантијаго, кој од својата родна Шпанија, заминува во египетската пустина за да го бара богатството кое, всушност, се наоѓа во секој од нас.

Занесна, живописна и длабока приказна која ја покажува моќта на нашите соништа и сведочи за тоа колку е важно да се слуша своето срце.

Алеф

Љубовта се наоѓа надвор од времето. Или уште поубаво, љубовра е и време и простор во една единствена точка, таа е Алеф, таа секогаш се преобразува.

Овој роман зрачи со својата едноставност, искреност и чистост. На пиедесталот ја искачува потребата да се преиспитаме како го живееме животот, да видиме дали сме онаму каде што сакаме да бидеме и дали го правиме она што сакаме да го правиме. Оваа книга не повикува да го направиме првиот чекор. Да се избере промената, да се создадеме поврторно себе си, да не престанеме да истражуваме и да откриваме се само дел од темите кои ги начнува оваа книга. Секој момент може да биде нов почеток, а сите ние можеме да бидеме Алеф. Книга, која го држи вниманието до самиот крај.

Напишете коментар