Skip to content

Лето

Кога доаѓа лето мирисот на пролетта се уште тлее

Во нашите срце боите на Сонцето ги вее

Водите чисти ги мијат и најмрачните стеги

Бистрината на воздухот ги брише сите меѓи.

 

Безгрижност сјае во очите наши

Полеваме среќа со утрински сончевини

Нема место за срцеви горчевини

И за душевни матни творевини.

 

Разиграно е срцето на поетот

Во сите бои на светот

Насмевките на љубовниците таму ги крие

Да може со поетска песна да ги опее.

 

Ќе ги опее тој како и секое лето

Зошто знае љубовна песна да пише

Во која летна нишка се ниже

За љубовни сплетки и неуморни во очи глетки.

 

Ќе пее за крајбрежја морски

Каде се сите љубови дворски

Како оние на принцови и принцези

Кои не оставаат на срце ранливи белези.

Напишете коментар