Овој краток анимиран филм кој трае 30 минути е добитник на Оскар за најдобар анимиран филм во 1987 година. Во него е прикажан животот на еден овчар и како тој придонесол за давање живот на природата и изградба на цело село. Приказната е базирана врз книга со истиот наслов, од Jean Giono која на GoodReads е оценета со 4.2/5.
Единствена приказна за алтруизмот и истрајноста. За восхит е помислата како еден човек во скромност, самотија и тишина може да направи толку многу за голем број луѓе. Благодарение на неговата мирна, сталожена природа тој проживеал долг живот, а на луѓето им оставил нешто многу вредно. На IMDb оценет е со 8.5/10.
Погледнете го филмот, корисно ќе ги потрошите тие 30 минути од вашето време.
Пишете ни во коментар како ви се допадна и дали претходно го имавте изгледано? Дали можеби ви е прочитана книгата врз која е базиран филмот?
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.