Албер Ками бил роден на денешен ден во 1913 г. во Мондови, Алжир во Француско-Алжирско семејство, а починал на 4 јануари 1960 г. Тој бил француски писател и филозоф, добитник на Нобелова награда за литература во 1957. Ками се поврзува со егзистенцијализмот, иако тој самиот ја одбивал таа асоцијација, како што напишал во неговиот есеј, „Бунтовникот“.
Во есејот изјавува дека целиот негов живот бил посветен против филозофијата на нихилизмот. Неговата најважна реченица за иднината е: „Сите ние, кои се наоѓаме среде уништување, се подготвуваме да ги обележиме границите на нихилизмот. Но само неколку од нас го знаат тоа”.
Во едно интервју од 1945 година, Ками одбил секакви идеолошки асоцијации: „Не, јас не сум егзистенцијалист. Сартр и јас бевме секогаш изненадени кога гледавме дека нашите имиња се поврзани…”. Во неговата збирка есеи „Венчавања” тој напишал дека е грчки син. Во 1957 година, тој ја добил Нобеловата награда за книжевност, како вториот најмлад добитник (по Радјард Киплинг) и како првиот добитник роден во Африка. Исто така, тој најкратко уживал во оваа награда, бидејќи загинал во сообраќајна несреќа само три години по примањето на истата.
Животопис
Неговата мајка била Шпанска екстракција. Неговиот татко, Луциен, загинал во Маринската битка во 1914 година за време на Првата светска војна. Ками живеел во сиромашни услови во своето детство. Во 1923 год бил примен во Универзитетот во Алжир. Се здобил со туберкулоза во 1930 која ставила крај на неговите фудбалски активности (тој бил голман на универзиетскиот тим) и тоа го присилило да студира. Се вработил како приватен тутор и работел за метеоролошки институт. Ја завршил неговата лиценца-филозофијата во мај 1936 г. Успен ги презентирал неговите теми за Плотин.
Ками се приклучил на француската комунистичка партија во пролетта 1935, најмногу поради политичката ситуација во Шпанија, потоа во поддршка за марксистико-ленински докторини. Во 1936 год независноста на Алжирската комунистичка партијa била откриена. Ками се приклучил во активностите на партијата на Алжирските луѓе, која го вовлекла во неволја со неговите комунистички искажувања кон партијата.
Како резултат на тоа тој бил исфрлен од партијата во 1937 год. Ками заминал кон француското анархистичко уредување. Анархистот Андре Прудомо најпрво го претставил на Анархисичкиот студентски круг во 1948 год. Како нивен симпатизер, Ками започнал со пишување на анархистички публикации како „Слободата“, „Револуционерни, политички и солидарни обрера“. Ками исто така бил со анархистите кога тие изразиле поддршка за подигање на Источна Германија во 1953, а бил со нив и во 1956, прво со подигањето на работничката класа во Познањ, Полска, и подоцна со Унгарската револуција.
Работа во списанија и весници
Во 1934 год. се оженил со Симоне Хи, но бракот завршил со обострана согласност. Во 1935 го формирал Theatre du Travail – работничкиот театар кој опстанал до 1939. Од 1937 до 1939 тој напишал социјалистички весник, „Алжирска Република”, неговата работа ги вклучуваше лошите услови за живот на граганите кои живееја во Кабили.
Од 1939 до 1940 тој напишал сличен весник. Тој бил одбиен од Француската армија поради туберкулозата. Во 1940, Ками се оженил со Франсин Форе, пијанистка и математичарка. Франсин му родила близнаци на 5 септември 1945 година, Катерина и Жан Ками. Истата година Ками започна да работи за списанието Париз во ноќта (Paris-Soir). Во првиот дел од Втората светска војна, Ками бил пацифист.
На 15 декември 1941 година, Ками бил сведок за погубувањето на Габриел Пери. Во таа година тој ги завршил неговите први книги: „Странецот” и „Митот за Сизиф”. Тој во 1941 година се вратил во Оран, Алжир.
Книжевна кариера
За време на војната, Ками ѝ се придружил на група „Combat (Journal)“ на Францускиот антифашистики отпор, која го објавувала весникот со истото име. Ками станал уредник на весникот во 1943 година. Кога сојузничките сили го ослободиле Париз во август 1944 година, Ками лично ја објавил таа вест. Тој бил еден од неколкуте француски уредници кои јавно го искажале своето незадоволство за атомската бомба во Хирошима. Tој се откажал од „Комбат“ во 1947, кога весникот станал комерцијален.
Во 1949 година му се вратила туберкулозата и тешко се справувал со неа следните две години. Во 1951 го издава „Бунтовникот“, филозофска анализа на бутовништвото и револуцијата каде јасно ја искажува својата одбивност кон комунизмот. Книгата вознемирила многу од неговите колеги соработници во Франција, вклучувајќи го Сартр.
Идејата за апсурдот е неговиот најзначаен придонес во филозофијата. Според него, апсурдот произлегува од човековата желба за јасност и значење во свет и состојба каде и двете недостасуваат. За тоа пишува во „Митот за Сизиф”, „Странецот” и „Чумата”.
Во 1950 година, Ками ги насочил своите идеи кон човечките права. Во 1952 дал отказ во УНЕСКО кога ООН ја прифатила Шпанија на чело со генералот Франко како нејзин член. Во 1953 ги критикувaл советските методи на репресија на работничкиот штрајк во Источен Берлин. Во 1956 година протестирал против сличните методи во Полска и против советската репресија на Унгарската револуција во октомври.
Морална дилема и тажниот завршеток
Кога започнала алжирската војна во 1954, Ками бил соочен со морална дилема. Се идентификувал себеси како „пје ноар“ и ги оправдувал француските акции против револтот. Сметал дека револтот е дел од амбицијата на Египет за арапски империјализам и антизападна офанзива организирана од Русија да ѝ наштети на Европа и да ги изолира САД. Иако се залагал за поголема автономија за Алжир, па дури и за федерација, сепак не ја подржувал идејата за целосна независност, сметајќи дека Французите во алжир (пје но ар) и Арапите може да живеат заедно. Тајно, тој работел за Алжирците кои биле осудени на смрт.
Oд 1955 до 1956, Ками пишувал за „Експрес”. Во 1957 бил награден со Нобеловата награда во литературата „за неговата литература, која со јасна искреност ги отстранува проблемите на човековата свест во тие времиња“. Кога зборувал со студентите од Универзитетот во Стокхолм, тој го бранел неговото видно неучество кон Алжирското прашање, искажувајќи дека е загрижен за тоа што може да се случи со неговата мајка која сѐ уште живеела во Алжир.
Во малиот град Вилеблевин во Франција, Ками загинал во сообраќајна несреќа, на 4 јануари 1960 година, на местото „Le Grand Fossard“. Во неговиот џеб имало неискористен билет за воз. Можно е тоа дека тој имал испланирано да патува со воз, но на крајот тргнал со автомобил. Возачот Мишел Галимар, негов издавач и близок пријател, исто така загинал во несреќата.
По неговата смрт биле објавени две негови дела. Првото „Срекна смрт“ било објавено во 1970 година, со главниот лик Мерсо како во „Странецот“, а второто дело бил незавршениот роман, „Првиот човек“, автобиографски труд за неговото детство во Алжир.
Прочитајте ги неговите најпознати цитати во оваа статија!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.