Не знам, повторно.
За кого пишувам најубави стихови,
Од срце – со катанец заклучени.
За кого редам бисери по дрвјата есенски,
Збирајќи листови – пожолтени.
Не знам, повторно.
За кого ја учам физиологија на љубовта,
Без дијагноза – ни име ни презиме.
Не знам, повторно.
За кого го барам гласот од ластовицата,
Градејќи дом за следната пролет.
Не знам, повторно.
За кого стојам на работ од бездната,
А чекорот одамна, дождот го избриша.
Не знам, повторно.
За кого зимата предвреме ја дочекувам,
Палејќи огниште во срцевиот дворец.
Не знам, повторно.
За кого чукам пред портите од огништето,
Знаејќи дека деноноќно спие.
Стефани Србиноска