Петте книги кои ги избравме се вистински ремек дела затоа што имаат огромно влијание врз светската книжевност, историјата, културата и развојот на општеството. Затоа секој човек би требало да ги прочита овие книги барем еднаш во својот живот.
1. Илијада – Хомер
Епопеја која опишува бројни историски случувања и војни на тогашните простори на островите во Егејско Море и Мала Азија. “Илијада“ ја опејува Тројанската војна, храбриот Ахил и уште неколку прочуени јунаци.
2. Божествена комедија – Данте Алигиери
Ова е можеби најголемиот бисер во историјата на италијанската литература. “Божествената комедија“ е вистинска средновековна енциклопедија за науката, политиката, филозофијата, моралот и теологијата во тоа време. Во фокусот е ставена човечката душа со сите нејзини страсти, пороци, радости и добри карактеристики. Оваа книга е една целосна слика на човекот прикажан низ разни психолошки предизвици.
3. Фауст – Јоган Волфганг фон Гете
Главен лик е Јохан Фауст, волшебник кој ги отфрла модерната наука и религија и ја продава својата душа на ѓаволот. Ова дело мора да се прочита за да се сфати зошто станало бесмртно.
4. Гордост и предрасуди – Џејн Остин
Откако е напишано, ова ремек дело не ја губи својата популарност. Прочитајте како во тие дамнешни времиња жените без услови за добра мажачка наоѓаат вистинска љубов и се борат за неа.
5. Хамлет – Вилијам Шекспир
Духот на покојниот татко на младиот принц Хамлет ќе му открие страшна тајна – кралот не умрел од природна смрт, туку го отрул неговиот брат кој ја презема круната и се жени со кралицата. Хамлет се колне дека ќе се освети и дека ќе го разоткрие својот чичко, но како, кога на негова страна е само духот кој никој не го гледа?
Дали веќе сте прочитале некоја од книгите на списокот? Или можеби сте ги прочитале сите? Какви се вашите впечатоци во врска со нив? Споделете со нас, оставајќи коментари.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.