Приказната на Сара започнува во лулката на цивилизацијата: сумерскиот град-држава Ур, земја на пустинска топлина, високите градини и огромното богатство. Ќерка на моќен господар, Сара одлучно се спротиставува на бракот што нејзиниот татко и го планирал. На денот на нејзината венчавка, таа решително бега кон огромното, празно мочуриште кое се наоѓа надвор од sидините на градот. Таму се сретнува со еден млад човек по име Аврам, син на туѓинци, припадник на туѓо племе. Привлечена од овој егзотичен странец, Сара поминува една ноќ со него и неволно се враќа во куќата на нејзиниот татко. Но, на враќање, таа тајно пие отровна напивка што ќе ја направи неплодна и со тоа нема да може да влезе во брак.
Многу години подоцна, Аврам се враќа во Ур и открива дека бунтовната девојка со која изгубил контакт е претворена во прекрасна жена – првосвештеничка на божицата Иштар. Но, Сара се откажува од својот световен живот за да му се придружи на племето на Абрахам и да го следи единствениот вистински Бог, невидливо божество кое зборува само со Аврам. Тогаш, нејзиното патување навистина започнува.
Од големиот зигурат на Иштар до плодните долини на Ханаан сe до постелата на силниот фараон, приказната на Сара открива антички свет полн со убавина, интриги и чуда кои не смеете да ги пропуштите.
Прочитајте ја оваа книга која засекогаш ќе остане дел од вашите сеќавања.
Прочитајте ја овде статијата за Силните женски карактери во Библијата Сара и Аграма.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.