„Дамски-гамбит“ (The Queen’s Gambit) е екранизирана верзија на книга со истиот наслов од Волтер Тевис кој ја напишал во 1983 година. Тогаш како инспирација му послужила токму легендарната победа на Фишер над Спаски во Рејкјавик, а ликот на Хармон (Ања Тејлор-Џој) има доста сличности со него.
Која е приказната?
Станува збор за приказна за мало деветгодишно девојче – сираче кое е сместено во сиропиталиште. Дејството се случува во 60-тите години на минатиот век. Во сиропиталиштето поинтересно ѝ е играњето шах со чуварот во подрумот наместо следењето на часовите. Чуварот ќе забележи колку многу Хармон напреднува, ќе ја научи на некои важни потези, а како подарок ѝ подарува книга токму поврзана со нејзината омилена игра.
Младото, талентирано девојче добива шанса истовремено да игра и со членови на шаховски клуб во едно училиште (сите машки) и сите ќе ги порази. За време на престојот во сиропиталиштето таа ќе се навлече на таблети, ќе ја прогонуваат траумите од нејзиното рано детство, страшните сцени од доживеаната сообраќајка во која останува без мајка. Покрај доживеаните трауми, напуштеност и загуба главната актерка целосно се посветува на играњето шах учејќи ги сите потези напамет.
Пред да заспие на таванот ќе ја замислува шаховската табла и ќе си бара пропусти во сопствената игра. Ќе има среќа да биде посвоена од еден брачен пар, а при посета на продавницата купувајќи весник дознава за турнирите и од тогаш почнува нејзината трка по успех.
Главниот лик во мини-серијата
Ликот на Хармон е претставен со исклучителна интелигенција, силна меморија, снаодливост, адаптабилност и рушење на тогашните норми. Речиси како единствено женско на натпреварите го прикажува борбениот дух, станува непобедлива, а на сметка на тоа ќе растат нејзините приходи.
Од Нетфликс изјавуваат дека мини-серијата руши рекорди на гледаност, од нејзиното објавување во септември оваа година па досега.
Во првите 28 дена од објавувањето серијата ја погледнале 62 милиони домаќинства што ја прави најпопуларна мини-серија која поставила нов рекорд на оваа стриминг платформа. Бројката на посетители рефлектира колку луѓе “одбрале да гледаат“ најмалку 2 минути од понуденото шоу или филм.
Оваа мега-популарна мини-серија нагло го зголемува интересот за шах. Преземањата на апликацијата Chess.com вртоглаво нараснале во САД набрзо по нејзиното прикажување.
Меѓу останатите стратешки игри на Ајфон, апликацијата скокнала на 3-то место во САД. Во Велика Британија е на второ место. Од сите игри во САД, апликацијата „Шах“ се искачила за 256 места од дебито на серијата. Сега се наоѓа на место со број 62.
Верзијата на Ајфон има многу повеќе корисници од верзијата на Андроид, за дури 61%.
Засега нема податоци дали ќе има втора сезона односно продолжение. Дали ги изгледавте седмуте епизоди од оваа мегапопуларна мнини-серија?
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.