Џио, чистач на улици ја работел својата работа со задоволство и темелно. Знаел дека неговата работа е потребна. Кога ги чистел улиците го правел тоа полека и еднолично: кај секој чекор едно дишење и кај секое дишење едно замавнување со метлата. Чекор – дишење – замавнување со метлата – чекор – дишење – замавнување со метлата.
Понекогаш малку ќе застанел и ќе размислувал гледајќи пред себе. Потоа ќе продолжел: чекор – дишење – замавнување со метлата – чекор – дишење – замавнување со метлата. Додека Џио така се движел и гледал пред себе набљудувајќија неисчистената улица, а зад себе исчистената му доаѓале големи мисли. Но биле тие мисли без зборови, мисли кои многу тешко можат на другите да им се соопштат. Слично како кога некој едвај се сеќаваме на одреден мирис или некоја боја за која сме сонувале.
После работата Џио седел кај едно девојче Маио и ѝ ги објаснувал своите големи мисли. Таа го слушала на посебен начин. Потоа нему би му се разврзувал јазикот и ги пронаоѓал вистинските зборови.
– Гледаш Маио, велел тој, тоа ти е така: Понекогаш пред себе имаш многу долга улица и мислиш: страшно е долга, невозможно е да се исчисти, знаеш, така мислиш…
Ја погледнал молчејќи и потоа продолжил:
– И тогаш почнуваш да се брзаш. И сè повеќе брзаш и уште повеќе брзап. Сепак, секојпат кога ќе погледнеш гледаш дека улицата пред тебе не е воопшто пократка. Почнуваш уште повеќе да се напнуваш и тогаш те опфаќа страв, а на крајот го губиш здивот и не можеш понатаму. А улицата е уште тука. Така не смее да се прави.
Џио кратко време размислил и продолжил:
– Не смее никогаш да се мисли на цела улица одеднаш, разбираш ли? Мора да се мисли само на следниот чекор, на следното дишење, на следниот замав со метлата. И секогаш одново само на следниот.
Повторно застанал и размислувал пред да додаде:
– Такавата работа донесува радост. Тоа е важно. Тогаш работата се извршува добро. Така треба да биде тоа.
После долга пауза продолжил:
– Одеднаш гледаш дека цела улица е исчистена – чекор по чекор. Воопшто не знаеш како, а и не го губиш здивот.
Климнувајќи со главата Џио рекол накрај: тоа е важно!
Прочитајте ја и приказната која ја крие вистината за љубовта.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.