Изолација ли?
Не, јас сум фантом од внатре,
роб на мислите што навечер ме гонат,
не живеам тука,
не ме прашувајте ништо,
идеалите полека ми тонат,
срцето не знае што поинаку па затоа чука,
не знам јас ништо,
не можам да го разберам светов во кој живеам,
во раката навечер имам имагинарен пиштол па секоја вечер се убивам.
Умирам,
умирам затоа што ме боли она што го молчам,
со сопствената крв пишувам,
а зборовите што на глас треба да ги кажам ги голтам.
Клетва,
внатре мрачник,
а однадвор изрод,
молчалив човек,
река заматена, некому отров, некому лек,
без извор,
со душа што секоја вечер излегува,
со срце свесно што се самоповредува,
мазохист без лице,
самоубиец,
со празни срца трговец,
за некои теми жив – мртовец.
Изолација?
Не, ова ми е мене нормално,
а порака до вас,
сѐ што изгледа така – не е морално.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.