Денес ви ја претставуваме песната „Розин Призрак“ – Le spectre de la rose” која била дел од збирката Комедија на смртта (La Comédie de la mort, 1838) на францускиот поет Теофил Готје. Песната била инспирација и за балетско дело од Хектор Берлиоз.
Отвори ги твоите капаци очни
Допрени од сон девствен
Јас сум розиниот призрак
Кој ти вчера го носеше на бал величествен.
Ме откина покриена со бисерна роса
која протече од капките боса,
И на свеченоста сјајна
ме носеше цела вечер во твојата коса.
О ти, која мојата смрт ја викна
сега мој заточеник стана
Секоја вечер мојот розов призрак
покрај твојот кревет ќе танцува како врана.
Но, не плаши се, не барам
Ниту миса ниту De profundis;
Јас доаѓам од Рајот,
Овој лесен мирис е мојта мирислива душа.
Мојата судбина беше достојна за завист;
И за толку убава смрт,
Многумина би го дале својот живот –
Зашто мојот гроб лежи на твоите гради,
И на алабастерот каде лежам,
Поет напишал со бакнеж:
Тука лежи роза
На која ќе ѝ завидува секој крал.
Преведено од француски јазик
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.