Се потпрев на твоите гради како гулабица,
како девојче кое несвесно се гуши во себе,
а ти ме привлече со целата твоја убавина
побогата од сите наоѓалишта на злато во Америка
во времето на златната треска.
Ми ја исполни секоја желба,
ми ја изнуди секоја насмевка,
со твојот изглед и трепет
ме совлада и завладеа со мојата гордост.
Ме држеше толку блиску до себе,
што ни јас не знам како излегов на крај
со твојата моќ и со твоите чудни правила.
Не можеше да веруваш дека си ги добил сите,
сите, освен мене.
Јас за тебе бев измама.
Почна да веруваш дека ми ја одземаш целата убавина
и дека го придоби само моето тело,
тело кое мислеше дека е само за уживање
и дека не може љубов да ти даде.
Сега, залудни се сите твои обиди
да ја допреш мојата невидлива душа
затоа што таа ти бега насекаде
и не можеш да ја совладаш
затоа што нема да ти ја дадам.
Душата секогаш ќе ми биде дива и слободна,
слободна како ветер.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.