Јосиф Висаронович Сталин, некогашен претседател на централниот комитет на комунистичката партија на СССР, бил на власт од 1922 година сè до својата смрт во 1953 година. Останал запаметен како еден од најзлоогласените владетели, одговорен за смртта на неколку милиони луѓе.
Еве неколку негови најпознати изреки:
1. „Доволно е луѓето да знаат дека гласале. Луѓето кои гласале не одлучуваат за ништо. Оние кои ги бројат гласовите одлучуваат за сè.“
Сталин секогаш бил спремен да направи сè што е потребно за да дојде на власт. За тоа најдобар пример е Лав Троцки, кој имал поголемо право да ја заземе позицијата претседател, но Сталин тоа не го дозволил.
2. „Смртта ги решава сите проблеми. Нема луѓе, нема проблеми.“
За време на своето владеење, Сталин најголем дел од проблемите ги решавал со убивање. Познато е дека сакал да го намали влијанието на Украина врз СССР. Доказ за тоа е случајот Голодомор (1932-1933).
Имено, со санкциите, насатанал огромен глад во Украина, чија последица биле 4 милиони мртви. Уште еден пример е Големата чистка, која претставува убивање на политичките противници и на луѓето кои се против режимот. Критериумите за добивање таква титула не било тешко да се исполнат. Проценките на историчарите велат дека тој е одговорен за смртта на 15 милиони луѓе.
3. „Идеите се многу посилни од оружјето. Ние никогаш не би дозволиле нашите непријатели да имаат оружје, па зошто тогаш да им дозволиме да имаат идеи?“
За време владеењето на Сталин владеела и силна комунистичка пропаганда. Постојат интересни слики кои се очигледно лажни и ја прикажуваат грижата на Сталин за мртвиот Ленин. Овие слики се создавани со цел Сталин да го осигура својот кредибилитет преку таткото на револуцијата.
4. „Kога ќе ги бесиме капиталистите, тие ќе ни го продадат јажето на кое што ќе висат.“
Разликите меѓу капитализмот и комунизамот на сите им се добро познати. Покрај марксистичката идеологија за општествено уредување, за која е потребна глобална револуција, во времето на Сталин настанал сталинизмот, кој се залага за социјалистичко уредување во рамките на една држава.
5. „Ако било кој министер за надоворешни работи започне да ја брани „мировната конференција“ до смрт, може да бидете сигурни дека неговата влада веќе издала наредба за нови воени бродови и авиони.“
Сталин често бил сомнителен кога станува збор за политиката. Тој дури еднаш споредил искрен дипломат со сува вода. Овај цитат со текот на времето може воопшто да не ја изгуби смислата и својата вредност.
6. „Папа?! Колку дивизии има тој?“
Оваа смешна изјава зборува за тоа колку Сталин го почитувал папата. Исто така покажува кое е мерилото на сталиновата почит кон некого.
7. „Во советската армија ти треба повеќе храброст за да се повлечеш отколку за да нападнеш.“
За време на Втората светска војна, веројатноста дека ќе преживеат за советските војници била поголема ако останат во битката. Оние кои се повлекувале, при првата можност биле стрелани.
8. „Смртта на еден човек е трагедија. Смртта на милиони е статистика.“
Прочитајте ги овие руски поговорки, кои кријаат големи мудрости.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.