Skip to content

Време за љубов – Виктор Кадинец

  • by

Еднаш си беше една девојка.

Двапати проба да љуби.

Третиот пат ја љубеа неа.

Четири пати проба да разбери што е љубов.

Еднаш кога двапати проба,

еднаш кога ја љубеа,

еднаш кога се љубеше.

Петпати ја убедуваа дека не е тоа, тоа.

Шест дена размислуваше,

по кој пат да ита.

Седум ноќи сон не ја фати.

Осум пати му се јави.

Девет пораки прати.

Десетте заповеди ги сакаше.

Единаесет стиха ги напиша.

Дванаесетиот не го доврши.

Тринаесет дена се мислеше

дали правилно постапи.

Четиринаесет пати во ден го мислеше.

Петнаесет часот и беше најтежок.

Шеснаесет ноќи, ден и беа.

Седумнаесет откуцувања на срцето

имаше за 15 секунди.

Осумнаесет пораки и беа во драфт.

Деветнаесет без 5 минути веќе се премори.

Дваесетина секунди ѝ беа потребни

да разбери и пак да се збуни.

Дваесет и една минута да се двоуми

за да дојди до истиот заклучок.

Дваесет и две причини ја колебаа.

Дваесет и три мисли ја убедуваа.

Двасет и четири часа, секој ден,

мислеше само на едно.

Кога ќе дојди времето?

И така остаре.

А требаше само да љуби,

само еднаш.

Дваесет и пет дена сонуваше,

дваесет и шест пати се будеше,

дваесет и седум минути до 01 часот,

заспиваше.

Дваесет и осум дена од фебруари и беа малку.

На 29-от ден од март, заплака.

Следниот месец имаше триесет причини за смеа, секој ден.

Но ѝ требаше месец со 31 ден.

И тој дојде…

И замина…

Сè додека не научи дека за љубов,

не се моли…

Виктор Кадинец

Напишете коментар