Skip to content

Носталгично сведоштво на старицата која некогаш била инспирација за култната песна „Селма“ од Бјело Дугме

Прочуената група „Бјлео дугме“ има бројни хитови, но еден од нив има романтична љубовна приказна. Песната „Селма“ ја напишал Владо Дијак посветувајќи ја на девојката Селма Бориќ во која бил заљубен.

Селма и денеска е жива, има 90 години и живее во Загреб. Жената по чиешто име го добил еден од најголемите хитови на популарната музичка група денеска има 90 години, но и понатаму јасно се сеќава на Влада Дијак, познатиот поет и текстописец во тогашното време.

Во една емисија Селма објаснила дека во 1949 г. кога имала 19 години, го запознала Владо кој бил заљубен во нејзе.

Била по потекло од Зеница, но одела во Втората женска гимназија во Сараево. Често за викенди патувала кон дома со воз, а еднаш Владо ја сретнал на тоа патување. Се понудил да ѝ го однесе малиот, темноцрвен куфер до железничката станица.

Како настанал познатиот стих од рефренот?

Ја испратил до возот, а прозорот покрај кој седела бил скршен. Тогаш тој ѝ дофрлил: „Селма, не се навалувај преку прозор“.

После таа средба, Владо Дијак ја напишал песната која подоцна ја отпеал Жељко Бебек. Дури во 1962 г. татко ѝ на Селма ѝ испратил весници во кои била објавена песната „Селма“. Никој од нејзините колеги не ѝ верувал дека таа е токму таа Селма за којашто се пее. Првпат Селма ја слушнала песната во изведба на „Бјело дугме“ од 1975г во концертната дворана „Ватрослав Лисински“.

Владо никогаш конкретно не ѝ изјавил љубов, само воодушевено ја гледал, се раздвоиле, но никогаш не се бакнале. Селма вели дека денеска била многу осамена. Речиси секој новиран кој ќе ја побара, таа го повикувала во Загреб.

Самувам како секоја старица. Би сакала малку да дојдете во Загреб…Ретко патувам. Неодамна ми почина и сестрата Нура-Марија во Мостар и има сè помалку луѓе со кои живеев. Одам по дуќани, разговарам со познаниците и тоа е сè“, раскажала Селма пред неколку месеци на екипата од порталот Носталгија од Бања Лука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BEBEK (@zeljkobebek)

Потсетете се на песната и уживајте во слушањето!

Напишете коментар