Skip to content

Камен бел и црн – Октавио Пас

Извадок од збирката „Катадневниот оган“ од Октавио Пас во избор и препев на Матеја Матевски (Култура, 1992).

Камен бел и црн

Бездната
исфрла камен
во воздухот
Каменот се крева
Внатре има
Еден заспан старец
Ги отвори ли очите
каменот пламнува
виор од крилја и клунови
врз една жена
што тече меѓу брадите на есента
Каменот паѓа
гори
во просторот на окото
цути
врз дланката на твојата рака
зборува
виснат
меѓу градите твои
водени јазици
Каменот зрее
Внатре
пеат семињата
Седум се
седум сестри
седум лутици
седум капки од жад
седум збора
заспани
во постелата од стакло
седум вени од вода
во центарот
накаменот
отворен за погледот

Напишете коментар