Од третиот милениум се очекуваше многу, но не и тоа дека пишаниот збор ќе се замени со слика и телевизија. Иако светските класици останаа задолжителна литература во основните и средните училишта, на милениумците со години им се замерува за нискиот степен на култура за читање. Културата за читање некако опаѓа, а за тоа сведочи и продажбата на книги ширум светот, која денес се брои во милиони.
Точно е дека класисицте се класици во вистинска смисла на зборот. Некои од нив се враќаат во мода. Меѓу оние класици кои се враќаат на сцената се „1984“ од Џорџ Орвел, „Малиот Принц“ и „Дон Кихот“. Но што е со современата книжевност? Што читаат луѓето денес? Што зборува тоа за нас?
Најпродавани книги од 2000 до 2009 година
2000 – „Хари Потер и огнениот пехар“ од Џ.К. Роулинг
Ова е четврт дел од серијалот за Хари Потер. Во оваа книга Потер како млад волшебник се враќа во четврта година на училиште. Таму се одржува волшебнички турнир, кој е најопасен за младите волшебници.
2001 – „Кој го лапна моето сирење?“ од Спенсер Џонсон
Оваа книга од Спенсер Џонсон продадена во повеќе од 10 милиони примероци. Книгата е прирачник за тоа како да се излезе на крај со предизвиците со кои секојдневно се среќаваме на работа и во приватноста.
2002 – „Од добри кон одлични: Зошто некои компании се издвојуваат, а некои не?“ од Џим Колинс
Делото од Џим Колинс е студија за компаниите од дваесетиот век кои успеале и триумфирале. Во неа има совети за тоа како дури и од лоша компанија може да си осигурате успех на себеси во иднина.
2003 – „Хари Потер и црвениот феникс“ од Џ.К. Роулинг
Ова е петти дел од серијалот кој нè враќа назад во магичниот свет на Хари Потер. Волдеморт добива свое тело и è поопасен од било кога. Црвениот феникс се обидува да му застане на патот.
2004 – „Кодот на Да Винчи“ од Ден Браун
Романот од Ден Браун е светски бестселер, кој се продава во повеќе од 80 милиони примероци. Ова е продолжеток на серијалот за приказната на професорот Роберт, која нè води во Париз. Писателот се обидува да објасни верзија на постоење на Исус Христос како обичен човек и заверата на која се заснова католичката црвка.
2005 – „Хари Потер и полукрвниот принц“ од Џ.К. Роулинг
Ова е е шести дел од серијалот за Хари Потер. Во овој дел Дамблдор го подготвува Хари за завршаната пресметка со Волдеморт. Полукрвниот принц го следи Хари Потер низ целата книга, а дури на крајот си го покажува вистинското лице.
2006 – „Од добри кон одлични: Зошто некои компании се издвојуваат а некои не?“
Книгата од Џим Колинс повторно се искачува на врвот.
2007 – „Хари Потер“ и реликвиите на смртта“ од Џ.К. Роулинг
Ова е седми дел од серијалот за Хари Потер. Потер не оди веќе во училиште, туку е на пат целосно да го уништо Волдеморт.
2008 – „Нова земја“ од Екарт Тол
Ова е духовен водич за тоа како да ја пронајдеме целта на нашето постоење и да го направиме нашиот живот подобар.
2009 – „Изгубен симбол“ од Ден Браун
Ова е продолжение на приказната за професорот Роберт. Тој сега е во Вашингтон. Таму неговиот ментор е киднапиран, а тој мора да открие каде се наоѓа.
Прочитајте за најголемите кражби на уметнички дела во историјата.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.