Жан Расин, целосно име Жан-Батист Расин, ( 22 декември 1639 година, Ла Ферте-Милон, Франција – починал на 21 април 1699 година, Париз) е француски драмски поет и историограф познат по квалитетот на поезијата која ја пишувал. Како еден од најголемите трагичари, има дадено најголем придонес во француската литература. Начинот на кој го пишувал александриецот , овој стих достигнува врв како однос на хармоничност, така и во едноставност и елеганција. Роден е на денешен ден.
Животопис
Сираче од четиригодишна возраст (неговата мајка починала во 1641 година, а неговиот татко во 1643 година), за него се грижеле родителите на татко му. После смртта на неговиот дедо во 1649 година, неговата баба, Мари де Мулин, заминала да живее во манастирот Порт-Ројал и го зела внукот со себе. Тука се здобил со класично образование.
Оваа религиозна институција многу ќе влијае и на други негови современици, вклучувајќи го и Блез Паскал. Порт-Ројал го воделе следбеници на јансенизмот, теолошко учење кое било осудено од француските бискупи и папата и го сметале како еретичко.
Соработката на Расин со Јансенистите на оваа академија имале големо влијание врз него до крајот на животот. На Порт-Ројал, тој одлично ги простудирал класиците и темите од грчката и римската митологија ќе играат голема улога во неговите идни дела.
Неговата прва напишана претстава, Амаси, никогаш не стигна до сцената.
На 20 јуни 1664 година, трагедијата на Расин, La Thébaïde ou les frères ennemis (Тебанците или непријателите браќа) беше играна од трупата на Молиер на Театарот на дворецот-Ројал, во Париз.
Молиер ја режирал првата драма
Следната година, Молиер ја поставил и втората претстава на Расин, Александар Велики. Сепак, оваа претстава била толку добро прифатена од публиката што Расин тајно преговарал со ривалската театарска група, Хотел де Бургоњ, за изведување на претставата – бидејќи тие имале подобра репутација за изведување трагедии.
Така, Александар бил премиерно прикажан по втор пат, од друга актерска група, само единаесет дена по првото прикажување. Молиер никогаш не можел да му простил на Расин за ова предавство, а Расин едноставно го прошири раздорот меѓу него и неговиот поранешен пријател заведувајќи ја главната актерка на Молиер, Тереза де Парк која станала негов придружник како професионално така и лично.
Подоцна Хотел де Бургоњ ги прикажува сите негови драми
Оттогаш, трупата на Хотел де Бургоњ ги претставувала сите секуларни претстави на Расин.
Иако и тебанците (1664) и другата друга, Александар Велики (1665) биле со класична тематика, за Расин веќе се полемезирало насекаде и биле изнесени обвинувања дека ги заматува умовите на својата публика.
Тој ги прекинал сите врски со Порт-Ројал и продолжил со Андромаха (1667), која ја раскажува приказната за Андромаха, вдовицата на Хектор и нејзината судбина после Тројанската војна.
Меѓу неговите ривали биле Пјер Корнеј и неговиот брат, Томас Корнеј. Драматурзите честопати се натпреварувале со алтернативни верзии на истата тематика: на пример, Мишел ле Клерк ја напишал „Ифигенија“ истата година со Расин (1674), а Жак Прадон напишал драма за Федра (1677).
Успехот на работата на Прадон била причина Расин да ја прекине својата работа како драматург во тоа време, иако неговата кариера била толку успешна што тој бил првиот француски автор што живеел единствено од парите што ги заработувал од неговите драми.
Сепак, еден голем инцидент што се чини придонел за заминувањето на Расин од јавниот живот била неговата вмешаност во дворски скандал во 1679 година.
Тој се оженил во тоа време со побожната Кетрин де Романе и неговите религиозни убедувања и преданост на јансенистичката секта оживеале.
Кралски историограф
Со неговата сопруга добиле два сина и пет ќерки. Кога се оженил и кога престанал да пишува, Расин прифатил позиција како кралски историограф во дворот на кралот Луј XIV, заедно со неговиот пријател Никола Боало.
Тој ја задржа оваа позиција и покрај ситните скандали во кои беше вмешан. Во 1672 година, тој бил избран за Француската Академија, на крајот стекнувајќи голема моќ над оваа организација.
Две години подоцна, му беше дадена титулата „благајник на Франција“, а подоцна бил одликуван како „обичен господин на кралот“ (1690), а потоа и како „секретар на кралот“ (1696).
Кога конечно се вратил на пишувањето, тој на барање на Мадам де Ментенон, втората сопруга на кралот Луј XIV, ги напишал моралните драми, Естер (1689) и Аталија (1691), и двете беа засновани на приказни од Стариот и наменети за изведба на учениците од школата на Maison royale de Saint-Louis во Сен Сир. Жан Расин починал во 1699 година од рак на црниот дроб.
Тој сакал да го погребаат во Порт-Ројал, но откако Луј XIV го срамнил ова место во 1710 година, неговите останки биле преместени во црквата Сен Етјен-ди-Монт во Париз.
Книжевна дејност
Расин се појавил во литературата во времето кога младиот Луј XIV сонувал за љубов, и тој одговорил на тие сништа и вкусови на дворот. Првата одлика на Расиновите трагедии е во тоа што тој се откажува од херојските елементи како главен мотив. Понатаму, Расин со посебна љубов ја слика женската душа, бидејќи на жените им е својствено да се водат според чувствата. Кај Расин жената која љуби е најуспешниот тип во неговите трагедии, додека неговиот соперник Корнеј слика неприродни жени со машки карактеристики.
Нетрпеливоста меѓу двајцата писатели и нивните симпатизери станала толкава, што довела до книжевен двобој. Херцегината Ханриета Орлеанска им предложила на Корнеј и на Расин да обработат еден ист предмет во форма на драма. За тема послужила несреќната љубов на римскиот цар Тит кон јудејската царица Вероника. Корнеј создал јунаци кои размислуваат, создал херојски сцени и интриги, а Расин ја прикажал историјата на нивната љубов. Корнеј, типичен псевдокласик, тежнее кон трагични ефекти и необични јунаци, а Расин ги прикажува нежните човечки слабости, со што е некој вид претходник на сентименталните поети. Победата на Расин во овој двобој му создала многу непријатели.
Федра
Една од најдобрите трагедии на Расин. Предметот и некои детали за драмата ги позајмил од Еврипид. Федра, жената на Тезеј, се вљубува во синот на Тезеј, Хиполит. Додека таа се бори против грешните страсти, пристигнува веста за смртта на Тезеј. Ослободена од брачните должности, Федра му ја признава својата љубов на Хиполит. Но веста за смртта на Тезеј се покажува лажна, и Федра од страв се решава да го наклевети синот пред таткото, според советот на нејзината верна Енона. Кога Федра дознава дека Хиполит сака друга, љубомората ја наведува да го спорведе тој план. Но Федра чувствува грижа на совеста и каење, и пред да се отруе му ја кажува целата вистина на Тезеј.
Аталија
Некои француски критичари ја сметаат оваа трагедија за најдобра од сите Расинови трагедии. Ова е неговото последно големо дело. Овде нема љубовни заплети, нежни чувства ни страсти. Овде е прикажан судирот меѓу паганскиот и јудејскиот свет. Не љубовта, туку религиозниот ентузијазам е главен мотив во оваа трагедија.
Стил
Познат е по квалитетот на поезијата која ја пишувал. Како еден од најголемите трагичари, има дадено најголем придонес во француската литература. Начинот на кој го пишувал александриецот , овој стих достигнува врв како однос на хармоничност, така и во едноставност и елеганција. Јазичните ефекти на поезијата на Расин нашироко се сметаат за непреводливи.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.