(На Франц Кафка)
Во кое ли море икри фрла
твојот ракопис
Ѕидот и ракописот
зарасле во кожа
Растојание меѓу очите
и небото нема. Писмата до Милена
носат треперења на срцето да се плаши
Визија во жолто дојдена одненадеж
никому да не му се рече
проколнат збор правда
Вага на вселената трказелен леб
внатрешноста на ракописот
виножито над замокот
Воденички камен го притиска Јозефа К.
Врати му ги на бога своите страдања
земи љубов
темен плод на времето
Патнику без капка вода
ти го прислушнуваат срцето
Камен расте врз визглавјето на рабинот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.