Skip to content

Лавот и робот – кратка поучна приказна

Еднаш, еден сиромашен роб, измачуван од својот господар, сакајќи да се спаси, побегнал во шумата. Кога на патот здогледал повреден лав. Доближувајќи се, робот видел дека лавот има трн во шепата. Се доближил и го извадил трнот. Лавот го подгледнал, се завртел и заминал.

Неколку дена подоцна робот повторно бил фатен и вратен кај својот господар, кој претепувајќи го наредува тој да биде затворен во кафезот со лавовите кои неколку дена претходно, по негова наредба биле фатени во шумата. Робот е преплашен и тресејќи се влегува во кафезот очекувајќи смртта да му биде долга и болна, но на негово изненадуваење, пред да успеат останатите лавови да му се доближат, до него доаѓа најстариот и најголемиот од нив. Лавот, тогаш, како маче се свиткува околу робот и ‘ржи на секој што ќе му се доближи. Робот тогаш сфаќа дека тоа е оној ист лав со трнот во шепата.

Утрината, кога злобниот господар доаѓа да ги нахрани лавовите, само што го отвара кафезот лавовите скокаат на него, господарот и останатите негови слуги се разбегуваат длабоко во шумата, ценејќи си ги повеќе главите отколку богатството. Робот, тогаш станува слободен, ги ослободува лавовите и останатите неправедно заробени животни и започнува да си го живее животот онака како што заслужува тој по долгогодишната макотрпна работа.

Поука:

Секогаш кога можете, колку што можете помогнете. Таа помош порано или подоцна ќе ви се врати.

Напишете коментар