Ирена Блажеска, e македонска авторка која досега ги има напишано двете прозни збирки „Странци со спомени” и „Тивка далечина” и книгата „Недореченост“ склоп на поезија и порза. Авторката најавува излегување од печат на нејзината четврта книга. Станува збор за книга за деца, нејзина прва од овој вид, таа е збирка со песни за најмалите кои ќе уживаат во читањето.
„Во светот на децата” е дело на Ирена Блажеска, дипломиран наставник по одделенска настава. Во минатото таа го работела тоа, но поради некои околности веќе не. Стихобирката е како што вика таа напишана со љубов кон децата, зашто од нив нема почисти души, зашто тие се иднината на сѐ.
Во стихозбирката има 38 песнички, покрај нив сликички за боење кои ги отсликуваат песничките. Песничките се со поучна тематика, има за годишни времиња, празници, животни, зеленчук, сѐ што децата осознаваат во училиште. Книгата ќе излезе после новогодишните празници и ќе биде достапна директно кај авторката“, вели Блажеска.
„Во светот на децата“ набрзо ќе ја здогледа светлината на денот, а нејзе најмногу ќе ѝ се радуваат најмалите, но најискрени читатели.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.