Ако имав прилика,
ќе напишев лирска песна – лирика,
со црни букви – од солзи заматени,
со жални желби – од души напатени.
Ако имав прилика,
ќе напишев лирска песна – лирика,
од болка произлезена – стивната,
на крилја од гулаби бели в небеси вивната.
Ако имав прилика,
ќе напишев лирска песна – лирика,
за љубов изгубена,
за душа излудена,
за срца заведени,
за лица маченички, чесни – пребледени.
А ако имав прилика,
тогаш сигурно ќе немав за песна прилика,
ќе живеев весело, пеејќи пред порти,
ќе се смеев заразно низ лисја златножолти,
ќе го гледав светот со очи, но безочни
со верувања наметнати, но неточни,
со глупавост проста – преценета,
ќе го живеев животов потценета.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.