Во една плодна долина под дното на Андите живеело едно мирољубиво племе. Еден ден група крадци кои се скривале во планините го нападнале селото. Во украдениот плен се нашло и едно дете, па и него го одвеле со себе во планината.
Луѓето од рамнината не знаеле како да дојдат до момчето, бидејќи во карпестата беспатица не водел никаков пат, а немало ни трагови. Луѓето се обидувале на различни начини, се качувале од лева, па од десна страна. Ни после макотрпно одење од неколку денови не стигнале далеку. Гледајќи дека се целосно немоќни и дека трудот им е залуден, се одлучиле да се вратат без да постигнат посакуван резултат.
Одненадеж ја здогледале мајката на детето како слегува од планината која тие никако не можеле да ја искачат. На грбот во вреќа го носела својот син. Како успеала?
Еден човек од групата ја поздравил и ѝ рекол:
– Ние сме најјаките луѓе во селово, а не можевме да ја искачиме планината. Како ти успеа тебе?
Жената слегнала со рамената и рекла:
– Не беше тоа ваше дете.
Оваа кратка приказна зборува за неограничената моќ на мајчината љубов и колку е подготвена една мајка да го жртвува својот живот за своето дете. Испраќа силна порака која вели дека: родителите се подготвени на сè за да го спасат своето дете, а посебно се истакнува бестрашноста на мајката која е подгтовена да искачува и планини доколку е потребно.
Прочитајте ја и кратката приказна: Зошто жените плачат?
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.