Skip to content

За кого јас пишувам? – А. Лефкоска

За кого јас пишувам?
Кого јас уствари сонувам?
Не знам.
Заглавена сум во еден круг што одново и одново ме враќа на почетокот,
со ново перо и свежо мастило,
со бела хартија и ново – стара инспирација.
Секој бел ден сакам да престанам,
а секоја црна вечер копнеам да продолжам,
конечно да му се оддолжам на музата,
ама нема начин, вечна е таа,
во постела од пердуви заспива,
на Пегаз лета,
вечера амброзија таа муза десета и нови песни, текстови, книги од мене чека.
За кого јас пишувам?
За тебе ли?
Тебе ли те сонувам?
Ти ли ми доаѓаш низ призмата на несвесното бакнато со свеста и чувствата?
дојди ми на јаве, зошто вака,               дење без тебе пуста ми е душата.

Чувствувам дека светот конечно ќе се прероди кога поетот на јаве ќе ја прегрне музата.

Напишете коментар